вестиТоп вести

Овошјето и зеленчукот станаа луксузна стока

 

Граѓаните се жалат дека нивните плати веќе нема да можат да ги издржат поскапувања на храната кои од почетокот на годинава никако да запрат. Ако цените продолжат да растат со ова темпо, во иднина овошјето и зеленчукот ќе ги купуваат само на парче или на акција

Компири, домати, кромид порано беа дел од секојдневното мени, а годинава нивните цени толку многу пораснаа што веќе се сметаат за луксузни продукти. Овој бран поскапувања тешко ги погоди граѓаните кои се жалат дека цените на овошјето и зеленчукот се качија до плафон и оти ако продолжат да растат. Во некои од маркетите некои видови на овошје како на пример, лубениците, дињите, тиквата веќе се продаваат на парче, а многу популарни се и акциите во кои за еден килограм јаболка добиваш два или банани кои се малку помеки наместо за 60 можеш да ги купиш за 30 денари.

Цените на овошјето и зеленчукот се повисоки во пролет, односно во  месец март кога раниот зеленчук ќе се појави на домашните пазари и во маркетите, но потоа цената постепено почнува да му паѓа, велат продавачите на зелените пазари.

И земјоделците се со слично мислење, според нив нормално е да има зголемување на цените на овошјето и зеленчукот поради порастот на производствените трошоци. Тие велат дека со вакви скапи репроматеријали, нашето производство е неисплатливо, а откупните цени ни оддалеку не ги покриваат производствените трошоци..

Според статистиката, цените на доматот, пиперката и пролетната зелка во овој месец пораснале за околу 30 отсто за разлика од истиот месец лани. Вкупно во првите три месеци од оваа година граѓаните потрошиле 1,2 отсто повеќе за храна, а цените на мало во овој период се зголемиле за 0,5 проценти.

Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека на едно четиричлено семејство во март му биле потребни минимум 32.852 денари за да ги задоволи основните потреби. Најмногу пари или 13.798 денари биле потребни за храна, додека за комунални трошоци и покуќнина требало да се одвојат минимум 10.414 денари. За лична хигиена и за хигиена на домот на едно семејство му биле потребни минимум 2.324 денари, а за превоз 2.154 денари. За облека и обувки биле потребни 2.154 денари, а за културни активности 1.070 денари.

Ако се анализираат податоците ќе се види дека во споредба со јануари, вредноста на кошницата е зголемена за 29 денари, додека споредено со потрошувачката кошница од февруари 2017 година, таа поскапела за 297 денари.

Ова само ги потврдува предупредувањата на ФАО, дека цените на храната во наредните четири – опет години постојано ќе растат, а ова е само почеток, не очекуваат уште поголеми поскапувања.

 

 


 

vecer

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close