fbpx
Вести

Паѓа цената на свинското месо, производителите загрижени

Производителите на свинско месо во паника, цената постојано паѓа, а во фармите се вишок и 20.000 свињи. Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев вели дека во моментов цената на свиското месо жива мера се движи од 70 до 50 денари. Причината за вишокот  е тоа што големите супермаркети во земјава веќе неколку месеци вршат увоз на евтино свежо месо од соседна Србија, а исто така голема улога има и  ембаргото кон Русија.

pagja cenata a svinskoto meso proizvoditelite zagrizheni

 

Шаклев вели дека фармерите и државата не можат да стават вето за узвоз на месо и на земјоделски производи од Србија или од било која друга европска земја, бидејќи постојат меѓународни договори. Во земјава годишно се одгледуваат околу 300.000 свињи. Македонското свинско месо не се извезува, но затоа секоја година се увезуваат околу 10.000 тони замрзнато месо, кое поголем дел се користи за производство на сувомеснати производи, а еден дел се продава и во маркетите. Фармерите веќе побарале и помош од Владата, барањето им е  субвенционирање од 800 денари за заклан товеник во кланичната индустрија , со цел  да се заштитат од големиот  увоз од соседна Србија.

Фармерите бараат ресорното министерство сериозно да пристапи кон проблемот со вишокот на  месо. Шаклев вели дека и најголемиот откупувач на месо во земјава МИК Свети Николе нема да може да ги откупи вишокот на над 20.000 свињи.  Сметаат дека потрошувачката на месо ќе се намалува и со постите за Велигденските празници, со што се очекува и цената постојано да опаѓа на штетата на производителите. Според анализите на фармерите лошата и безизлезна состојба ќе потрае уште половина година, се додека не се потроши вишокот на свинско месо на европскиот пазар.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close