fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„ПАРИ“ АНАЛИЗА: За две години уделот на храна во вкупните трошоци се зголемил за 6,3 проценти!

Што се зголемува, а што се намалува во структурата на потрошувачката?

Алармантни сознанија откриваат податоците од Државниот завод за статистика. Според податоците, во 2018 година, уделот на храната и на безалкохолните пријалоци во вкупната потрошувачка на домаќинствата бил 38,7 проценти, а веќе во 2020 година се искачил на 45 проценти, односно за 6,3 проценти повеќе отколку што бил пред две години!

„Просечното домаќинство во Македонија наменува околу 66 % од својата потрошувачка за задоволување на основните потреби како храна, облека, домување и покуќнина. Во структурата на приходите, во 2020 година преовладуваат примањата врз основа на редовна и повремена работа со 66,2 %, пензиите учествуваат со 21,3 %, примањата од земјоделството со 6,7 %, социјалните бенефиции со 1,7 % и примањата од странство со 1,2 %“, велат од Државниот завод за статистика.

Што се зголемува, а што се намалува во структурата на потрошувачката?

 

Покрај растот на уделот на храната, споредбата на 2020 година со 2018 година покажува и дека за овие две години се зголемил уделот на пари што се користат за алкхолни пијалоци и тутун; за домување, вода, струја и енергенси; како и за мебел и покуќнина.

Во вкупната потрошувачка на домаќинствата се намалил уделот за сообраќај, образование, ресторани, култура и рекреација.

Она што е особено интересно е фактот дека во 2020 година, кога имаме пандемија, и кога сите зборуваат за зголеми здравствени трошоци, статистичлките истражувања покажале нивен помал удел во однос на 2019 и 2018 година. Во 2018 година нивниот удел бил 4,2 проценти, во 2019 година изнесувал 3,5% и во 2020 – 3,1%.

Дистрибуција на потрошувачката на домаќинствата (во %)

ПОТРОШУВАЧКА 2018 2019 2020
Храна и безалкохолни пијалаци 38,4 43,1 45
Алкохолни пијалаци и тутун 4 4,2 4,6
Облека и обувки 6,1 5,1 4,3
Домување, вода, електрика, гас и други горива 10,5 10,8 11,5
Мебел, покуќнина, одржување на покуќнината 4,5 4,5 5,3
Здравје 4,2 3,5 3,1
Сообраќај 5,3 6 5,6
Комуникации 3,2 3,8 3,6
Рекреација и култура 1,7 1,6 1,2
Образование 0,4 0,4 0,2
Ресторани и хотели 4.3 4,1 2,9
Останати стоки и услуги 5,2 5 5,8
Друго 11,9 8 7
Вкупно 100 100 100

1) Вклучува трошоци надвор од личната потрошувачка: отплата на кредити, инвестиции во недвижности и штедење.https://pari.com.mk/pari-analiza-udel-hrana/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close