fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пари од унгарскиот заем ќе може да се добиваат за сѐ, освен за алкохол, тутун и коцкање

„Парите од унгарскиот заем во износ од 250 милиони евра ќе може да ги користат сите компании од сите дејности, освен оние од секторот на производство или трговија на алкохолни пијалоци (освен на пиво и вино), производство или трговија со тутун, како и дејности поврзани со коцкање, казина и еквивалентни претпријатија“, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска

Владата на вчерашната седница донесе одлука со која ги става на располагање 250-те милиони евра од унгарскиот заем наменети за компаниите, кои ќе станат достапни веднаш штом Развојаната банка ги потпише договорите со деловните банки. Во овој процес се вклучени сите банки во земјава, преку кои фирмите ќе може да аплицираат за поволни кредити со каматна стапка од 1,95 отсто, со рок на враќање до 15 години, во кој е вклучен и грејс период од три години и без дополнителни трошоци за одобрување, управување или предвремено враќање на средствата.

„Парите од унгарскиот заем во износ од 250 милиони евра ќе може да ги користат сите компании од сите дејности, освен оние од секторот на производство или трговија на алкохолни пијалоци (освен на пиво и вино), производство или трговија со тутун, како и дејности поврзани со коцкање, казина и еквивалентни претпријатија“, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на вчерашната  прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски на која ги презентираа финалните владини одлуки во врска со овој кредит, чија операционализација доцни повеќе од еден месец.

Целиот текст на https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close