fbpx
ВестиТоп вести

Пазарџиите денеска работат нормално

Откако власта им вети одложување на Законот за зелени пазари, денеска  зелените пазари во државата функционираат нормално.

Се очекува да се одржи состанок на кој ќе се разговара за пронаоѓање решение кое ќе им одговара на сите инволвирани страни. Пазарџиите реагираат дека законот не им одоговара. Велат дека никој не ги консултирал околу измените на законот и дека новините само ќе им ја отежнат работата.

Според Законот секој закупец на тезга треба да поседува годишна лиценца која ќе  чини 60 евра. Велат дека ова ќе им го оптерети и така нискиот буџет. Лиценците би требало да ги издава Комората на трговци на Македонија, но организаторите велат дека немаат официјален документ кој тоа ќе го работи.

Законот стапи на сила на почетокот од годината и во него се предвидуваат казни од 150 – 2000 евра. Инспекторатот за сега не излегува на терен и му дава време на закупците да си извадат лиценции. Дали тезгаџиите ќе куртулат од лиценци би требало да се знае наскоро.

З.Б.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close