fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Пчелар ќе тужи Пелистерска мечка оти му го нападна пчеларникот на еден километар од Битола

Искршени сандаци, расфрлени пити со мед и вознемирени пчели. Вака беше утрово во пчеларникот на Никола Наумовски, кој во текот на ноќта го нападна Пелистерска мечка. Сандаците се поставени  на патот за Пелистер, на само еден километар од Битола. Сега тој најавува тужба за мечката, бидејќи е заштитена со закон, за државата да го обештети. Наумовски, кој инаку е ловочувар и добро го познава теренот , вели дека во пчеларникот влегла мечка  со две мечиња, објавува АПЛА.

-Пчелите ми беа најпрво  во Гопеш каде имам куќа, ама избегав од мечката, потоа ги донесов Ниже поле, пак ми ги нападна мечката, еве сега и овде ми напакости. Не знам каде да одам. Уништени ми се многу кошари. Веројатно е мечак со две мечиња, оти не може една мечка , да на први толку штета. Има многу мечки, одат по куќи во Дихови, Нижеполе. Сега се гладни и бараат храна, вели Наумовски.

Поради намалената фреквенција за време на полицискиот час, мечките се осмелуваат да слезат дури до населените места.

-Не само мечка, пред десетина ден човек удри во дива свиња овде на патот за Пелистер. Дивината слезе долу, не се вознемирени од луѓе, мирно е со полицискиот час, нема раздиженост. Неодамна две мечки слегоаа кај Брусник, рече Наумовски

Кога попладнево бевме во пчеларникот на Наумовски, пчелите се уште беа вознемирни, Пчеларот ја чекаше увидната екипа, по што ќе ја тужи државата за направената штета затоа што мечката е диво животно заштитено со закон.

-Бев кај адвоката, ќе ја тужам мечката и државата за предизвиканата штета. Си има процедура. Чекам да се изврши увид, а дотогаш не смеам ништо да фатам. Се надевам дека ќе дојдат денес, затоа што ќе ми се направи уште поголем зијан, надвор има пити со мед, па пчелите можат едни со други да се нападнат , затоа што сега слаба е пашата, рече Наумовски.

Извор:Апла

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close