fbpx
Вести

Пчелари од Малта во посета на дебарскиот регион

Група пчелари од Малта денеска престојуваа во Дебар, како гости на дебарските пчелари.

Тие го посетија пчеларникот на познатиот дебарски пчелар Блаже Петревски, кој поседува и соодветен сертификат за еко производство.

Според Петревски, гостите од Малта биле многу задоволни од квалитетот на медот и не ја отфрлаат можноста дебарскиот мед да се најде во трговската мрежа во Малта.

– Заедно со другите пчелари ги запознавме со активностите на пчеларските друштва, локациите каде најчесто ги поставуваме пчелните сандаци, производството и секако заштитата на здравјето на пчелите, како и влијанието на временските услови врз самото поризводство, изјави Петревски, кој со пчеларство се занимава речиси пет децении.

Пчеларникот на Петревски има 170 пчелни сандаци и по неколкугодишното слабо производство, што беше забележано кај сите пчелари од регионот, поради неповолните временски услови, годинава ќе биде една од поуспешните години.

Во општините Дебар и Центар Жупа со пчеларство се занимаваат над стотина пчелари кои во просек годишно, доколку тоа го дозволуваат временските услови на пазарот пласираат по 15 тони квалитетн мед.

Десетчлената делегација пчелари од Малта, претходно ги посетила и пчеларите во Гостивар, а ќе биде гостин и на пчеларите во Охрид.


 

сител

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close