fbpx
ВестиСовети

Пчеларник – последни подготовки за полесно презимување на пчелите

Пчелата која излегла од есенското легло, според веќе познатата физиолошка состојба, поспремна е за презимување во однос на пчелите од летниот период. Оваа пчела има подобро развиени подждрелни жлезди и обвивно масно ткиво, а со тоа и поголема залиха на протеини и масти.

Ноември е месец во кој секој пчелар треба да ги направи последните подготовки, со цел пчелите што полесно да презимат и да го дочекаат првото пролетно сонце. Првите денови од овој месец, бевме сведоци на топло време, а со самото тоа и често излетување на пчелите во природа и уште поактивната работа на матиците во излежувањето на последното легло за оваа година.

Во кошницата се наоѓа само матицата со зимските пчели, додека трутовите се веќе исфрлени и пчелите полека се собираат воклубот кој добива облик на топка, затоа што така се обезбедуваат оптимални услови за што помала потрошувачка на храна и постигнување на оптимална температура во идните неколку месеци.

Пчелите од есенското легло се поспремни за презимување

Пчелата која излегла од есенското легло, според веќе познатата физиолошка состојба, поспремна е за зимување во однос на пчелите од летниот период. Оваа пчела има подобро развиени подждрелни жлезди и обвивно масно ткиво, а со тоа и поголема залиха на протеини и масти. Таквата градба им овозможува и живот во текот на неколкуте зимски месеци, а во зависност од годината, многу пчелари, веќе сега прават зимско затоплување на друштвото, прекривање со весници, картони, стиропор и јутени вреќи.

Исто така, покрај затоплувањето, помалку искусните пчелари кои во претходниот период не обезбедиле доволна количина на храна, сега преку топ баровите нарамките додаваат шеќерна погача од 1,5 до 2 кг, додека повеќето пчелари со долгогодишно искуство првото затоплување и прихраната на пчелите ја вршат на крајот на зимата и со појавата на првото пролетно легло.

Во овој период, потребно е да се изврши поставување на заштитни чешли против влегување на глувци, да се обезбеди добра вентилација во кошниците со отворање на горното лето кај типовите на кошници во кои не постои отворена решетка, да се заштити кошницата од нагли удари на ветер и опасности од превртување.

Третман за укинување на вароата

Една од важните работи во ноември е и зимскиот третман на пчелите за укинување на вароата, кој покрај основните третмани во пролет и лето (важни третмани затоа што спречуваат голема бројност на вароата и доаѓа до помало оштетување на самите пчели, сигурен опстанок на пчелните друштва во есен и подготовка за зима), помага да се зададе последниот удар на вароата, која во овој период се наоѓа на пчелите.

Најчести препарати кои се користат во овој период се Perizin, Apitol, Bienenvohlи оксална киселина. Начинот на употреба на препаратите е со накапување врз пчелите, зависно од упатството на производителот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close