Печурката на бесмртноста „реиши“ се одгледува во Колешино

(Oвој напис е објавен на: February 9, 2017)

Семејството Бељмезови од Струмица веќе пет години се занимава со одгледување на таканаречената „печурка на бесмртноста“ – „реиши“ (ганодерма луцидум). Во селото Колешино, на прекрасната планина Беласица, со чиста изворска вода, тие ја произведуваат оваа несекојдневна печурка во специјализирана одгледувачница и со компјутерски надзор. Оваа печурка долго време во минатото била храна на азиските цареви и кралеви, бидејќи има извонредни лековити својства.

pecurki_statija-510x330

Процесот за нејзиното одгледување е скап и долг. Бељмезови се единствениот одгледувач на лековитата печурка „реиши“ на Балканот.

„’Реиши‘ спаѓа во печурките кои се тешки за одгледување. Од самото засејување на мицелиумот во супстратот до првата берба поминуваат пет месеци, а во тој период е потребно одржување на влажност на воздухот и температура, но и секојдневна грижа“, вели Митко Бељмезов.

pechurkata na besmrtnosta reishi se odgleduva vo koleshino

 

„Реиши“ е најлековитата билка на планетата. Со огромни антитуморни и антиканцерогени својства во модерниот свет оваа печурка се користи како додаток во исхраната како превентива против канцерогени заболувања. Екстрактот од печурката „реиши“ успешно помага при лекување тешки заболувања.

„Одгледувањето печурки во земјава може да биде исплатлив бизнис доколку се има визија и ако добро се испита пазарот“, вели Бељмезов, кој со многу љубов и труд секојдневно го зголемува производството.

Печурката „реиши“, инаку позната како „ганодерма“, во традиционалната кинеска медицина се користи повеќе од 2.000 години, а денес официјално се користи во модерната кинеската медицина во третманите против рак. Многубројни студии ја испитувале нејзината многу барана антиканцерогена моќ и нејзините имунозголемувачки својства. Во текстот објавен минатата година во весникот на Националната академија на науките ( ПНАС ) во САД се вели дека тим од американски научници веќе работат на истражување и употреба на печурката „реиши“ во модерната медицина како убиец на канцер-клетките. Тим, пак, од Тајванскиот истражувачки центар на академијата СИНИКА покажа дека еден вид на јаглехидрати молекули кои ги има во печурката „реиши“, може да произведе антитела да ги препознае и да ги убие антигените поврзани со туморите или клетките на ракот. Во Кина, пак, „реиши“ одамна се користи редовно како превентива против рак.

shitaki

Д-р Благој Лазаров, еден од најголемите експерти за печурка „реиши“ во Македонија веќе подолг период ги испитува нејзините лековити својства.

„’Реиши‘ содржи најголема концентрација на органски германиум, познат во природата како Ге-132, дури 6 пати повеќе од жен-шенот. Таа помага и кај други тешки и хронични заболувања, како што се алергии, срцеви заболувања, црн дроб, нервен систем, дијабетес и други болести. Вака питома и без никакви несакани ефекти при консумирањето ’реиши‘ е природен балансер на организмот. Оваа и лековитите печурки воопшто, имаат атрибути кои не може да се синтетизираат, бидејќи нивните молекули се често премногу комплексни“, вели д-р Благој Лазаров.

Во моментов Бељмезови имаат засеано околу 3.300 вреќички со „реиши“, а капацитетите ги прошируваат со уште два вида лековити печурки „маи-таке“ и „ши-таке“, кои треба да стасаат за продажба за неполна година.