fbpx
Вести

Пелагонија не е загрозена од поплави

pelagonija

Во февруари и март во Пелагониското поле заврнаа 100 литри дожд на м2 и природата беше мошне дарежлива со влага, а Стрежевската акумулација веќе има собрано 70 милиони м3 вода. Затоа, земјоделците сметаат дека се создава сериозна можност за успешна пролетна сеидба и вегетација на есенските култури, иако ќе има мало доцнење со прихраната и подготовката на пролетните површини.

– Оваа влага ни е добредојдена оти ние до Нова година имавме невидена суша и до Нова година се чистеше коритото на Црна. Имаме податок дека Стрежево се полни и има две третини со вода и тоа ќе биде една добра надеж за наводнување на површините што ќе бидат посејани – рече Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците.

– Поплавени површини има во атарот на село Гнеотино на вливот на 13 канал во вливот на реката Црна, меѓутоа вклучени се три пропелерни пумпи кои што постојано ја исфрлаат водата и карактеристично е тоа што земјиштето таму е пониско, се јавува депресија. Инаку, во останатиот дел на пелагониското поле поплави нема, со тоа што има заезерени површини,  а тоа е резултат што примарната каналска мрежа во последните осум години во Пелагонија континуирано се чисти и е исчистена. И така, мислам дека паника не треба да се создава за поплави во Битола – рече Димче Јошевски, раководител на Регионалната дирекција за заштита и спасување.

– Во 2016 година почнавме со чистење на Црна река, прво со вегетацијата бидејќи имаше многу бујна вегетација која го попречуваше протокот на вода по коритото. Сега е чиста, а ги исчистивме и островите кои беа во коритото, со што протокот е забрзан и нема никакви проблеми од поплави и излевање – рече Лазар Котевски, досегашен Регионален координатор за чистење на речните и каналските корита во Пелагонија.

Тринаесеттиот канал отсекогаш се сметал како “ахилова пета“ за Пелагониското поле, бидејќи тука се наоѓа најголемата депресија со најниските површини за земјоделско производство. Овој пат, самите водотеци покажуваат дека состојбата воопшто не е алармантна и дека тука можат да се апсорбираат многу поголеми количества вода, отколку што ги има сега.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close