
Петре Стојкоски – Ги поздравуваме одлуките на Владата за набавка на пченица и оризова арпа за стоковите резерви
Асоцијацијата на земјоделци чиј претседател е Петре Стојкоски ги оценува позитивни двете одлука на Владата за набавка на пченица и оризова арпа за стоковите резерви.
Асоцијацијата на земјоделци чиј претседател е Петре Стојкоски ги оценува позитивно двете одлука на Владата за набавка на пченица и оризова арпа за стоковите резерви.
-Се што е добро ќе поддржиме, а тоа што не е, ќе го кажиме. Меѓутоа одлуките на Владата за набавка на пченица и оризова арпа од домашното производство ги оценуваме како позитивен чекор и ги поздравуваме.
Одлука за набавка на 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари без ддв е добра одлука. Количината ќе може да се откупи од секој регистриран производител поединечно од минимум 5 до максимум 30 тона.
Исто така за прв пат се откупува оризова арпа, 2400 тони оризова арпа од реколта 2024 по цена од 37 денари без пресметан ддв. Набавката ќе се врши од сите регистрирани производители и количината која ќе се откупи од секој регистриран производител поединечно ќе биде минимум 3 до максимум 20 тони. Оваа одлука за оризопроизводителите посебно ја поздравуваме, рече Петер Стојкоски за Зелена берза
А.Блажевска
.
.