Синоќа во старата битолска чаршија по 13 пат се одржа фестивалот „Локум фест 2019“. Фестивалот е посветен на културата и традицијата и е единствен од ваков вид во земјава. Фестивал кој ги спојува ; традиционалната и модерната музика ( чалгија, етно- фјужн, world music, сефардска музика, креативните индустрии од регионот- Саем на ракотоворци, промовирање на живото културно наследство и развојот а културниот туризам.
Локум, музика, традиција, се’ на едно место. Битолската стара чаршија е местото кое живее фестивалски во 13 – тото издание на „Локум фест“ 2019.
Честа да го отвори оваа година му припадна на членовите на ансамблот „Македонија“ кое со своето дефиле од плоштадот „Магнолија“ го најавија фестивалот, а во старата чаршија изведоа програма која беше празник за очи и уши.
-Во изминатите дванаесет години на „Локум фест“ настапиле преку шеесет анасамбли од дваесетина земји од регионот и светот. Ја продолжуваме традицијата, со реномирани имиња како: „Ансамбл Македонија, Thanos Stavridis & dRom Р.Грција, Вокални хорови од Р.Бугарија, Византиска силуета-Исланд, Бјонко & Балкан бит-Данска, „Перија“- Македонија, и светките уметници , перкусионистот Марко Боско од Бразил, Маки Хацхија-Токио, Јордан Костов -МК…вели организаторот Тоше Ивановски.
Локум фест-музика и традиција е единствен ваков фестивал во земјава , кој ги спојува : традиционалната и модерната музика ( чалгија, етно- фјужн, world music, сефардска музика, креативните индустрии од регионот- Саем на ракотворци, промовирање на живото културно наследство и развојот а културниот туризам.
„Ова е фестивал кој има еден единствен концепт што настана од идејата за кафето и локумот како средба меѓу комшиите, еснафот и различните култури. Во конзулска Битола битисуваа различни култури и обичај меѓу еснафлукот беше да се поздрават и да се напијат кафе со локум. Локум фест е синоним на средба и амалгам на културите. 13 години преку музика, изложби на ракотворци стари семејни предмети, фотографии, мебел ја промовираме нашата историја како традиција, како живо културно наследство зашто веруваме дека традицијата и минатото го определува човекот во иднината“, додава Ивановски.
Оригинални цитати од Битолските фермани пишани во турско време, а преведени на Македонски јазик се дел од програмата на овогодишното издание на „Локум фест“.
Во Битола порано имало голем број на мајстори кои произведувале локуми, шеќери и други слатки производи кои за жал денес скоро и да ги нема. За фестивалот да биде комплетен и да потсетува на некогашните, но и денешни времиња поврзани со кафето и локумот се погрижи фирмата Дониа од Прилеп.
– Локум фест за нас е добра можност за посетителите да може да се запознаат со нашиот локум, со одличен квалитет, како и со новитетите кои излегуваат на пазарот , рече за Зелена берза Николина Талинџиоска Николоска – комерцијалист во Дониа. Дониа е бренд кој функционира во состав на Мак прогрес од Виница, под чија закрила работат повеќе македонски брендови. Присуството на Дониа на „Локум фест“ е само една традиција што живее, бидејќи рецептот по кој се изработува, е оној истиот по кој го правеле нашите предци, со шеќер, вода и брашно. Природните ароми и други додатоци само го подобруваат вкусот, така што имаме локум и за најпребирливите, додава Николина Талинџиоска Николоска.
Локумот води турско потекло. Се смета за десерт и е застапен во многу обичаи, настани итн. И денес се служи како некогаш со шолја кафе или чај, а е присутен и на свадби и помени. Многу се бара за време на постите бидејќи е посен производ. Како што објаснуваат од Дониа, локумот се изработува рачно , а го имаат со повеќе вкусови. За неговиот квалитет говори и неговата побарувачка. Го има скоро во сите маркети во државата, но го има и надвор од нашата земја, скоро на сите континенти , во сите поголеми маркети.
За традицијата и занаетите што некогаш во битолската стара чаршија ги имало во голем број потсетуваат рално изработени производи од страна на здруженија и поединци.
„Локум фест“ е поддржан од Министерство за култура Министерство за Економија на Р. Северна Македонија, Агенција за поддршка и промоција на туризмот , како и Општина Битола, во рамките на програмата на Бит фест 2019.
П.Јовановска