
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Сончево и топло. Попладне локално невреме со услови за појава на град
Попладне локално се најавува невреме со услови за појава на град
Сончево и топло со мала до умерена облачност.Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно и претежно сончево време со пораст на температурите.