fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Побарувачката за брашно во Србија се зголеми за 436%

Целокупната состојба со корона вирусот во светски рамки се одрази и на работата на берзите.

Најголем пад на цените  е забележан на пазарот на пченка. Падот на цените на светскиот пазар и слабата побарувачка на извозниците придонесоа за пад на цените

Големата побарувачка за брашно ги поттикна  мелничарите да се активираат на берзата. Цената на пченицата со која се тргувало на берзата се движела околу 20,90 долар за килограм со ДДВ, што е за 2,59 % пониска во однос на претходната недела

Како што објавува порталот Агромедиа на домашниот пазар, но генерално низ цела Европа, има зголемување на побарувачката за основните  прехранбени производи. Според најновите податоци во Србија, побарувачката за брашно се зголемила за дури 436%.

Сито ова е последици  од корона  вирусот на кој најпрво реагирал меѓународниот пазар   со нарушување на побарувачката од Кина, еден од најголемите светски купувачи на житарки и маслодајно семе. Ваквата состојба  на пазарот брзо се прошири во Европа и Србија.

Големата меѓународна побарувачка, во комбинација со зголемени набавки на основни прехранбени производи, влијае на движењето на цените на пченицата. Падот на суровата нафта и проблемите во секторот етанол влијаат на движењето на цената на пченката, објавува српскиот медиум Агромедиа.

Слични написи

Back to top button
Close