Созреа првото десертно грозје во Тиквешијата, се најавува богат род на лозјата оваа година. Топлото време во најголемиот лозарски регион во Македонија го забрза зреењето на грозјето, кое, според агрономите, се наоѓа во одлична кондиција.
Годинава ќе има квалитет и квантитет. Условите за лозаро – производство засега се одлични и ако не падне град, не очекува рекордно родна година на грозје велат експертите.
Вчера индивидуалниот лозаро – производител Стојан Галапчев не информира дека го скинал првото трпезно грозје во Тиквешијата.
Зрело е и благо, а и количината што ја набрав за почеток не е мала. Четири гајби продадов по 40 денари, а најавувам дека имам уште да берам од ова црна рана десертна сорта грозје, која секоја година ја најавува мојата, но и бербата во Тиквешијата вели Галапчев.
Тој додава дека деновиве очекува да набере околу 400 килограми од раните сорти, кои ги поседува на лозје во реонот на кавадаречкото село Возарци. Купувачите веднаш го зеле грозјето, a тој успеа да зачува еден грозд за да и покажеме на јавноста дека гроздоберот во Тиквешијата веќе започна.