fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Почна аплицирањето за субвенции за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети.

Аплицирањето се врши електронски со најава на веб страната на Агенцијата

Почна аплицирањето за субвенции за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети.
Сите земјоделци кои во период од 26- ти декември 2020 година до 25-ти декември годинава, произвеле и предале градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, од денеска па се до 25 – ти декември ќе може да аплицираат за добивање на субвенции преку мерките 1.6 и 1.8.
Аплицирањето се врши електронски со најава на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk, најава во полето „директни плаќања, е – барање“.
Сите баратели во прилог на барањата, потребно е да достават и потврди
издадени од регистрираниот преработувачки капацитет во кои јасно ќе бидат наведени предадените количини.
Висината на поддршката изнесува 3 денари по килограм произведен и
предаден зеленчук или овошје за преработкa.
Системот е веќе во функција и може да се аплицира. Краен рок за поднесување на барањата е 25- ти декември 2021година. Сите земјоделци кои имаат проблем, или пак не знаат сами електронски да поднесат барања, за помош може да се обратат во Подрачните единици на МЗШВ. Сите баратели при поднесување на апликациите да внимаваат на точноста на наведените
податоци во апликацијата. Доколку барателот увиди дека при поднесување на барањето направил некаква грешка, истото може да го повлече и во рок од 30 дена да се направи корекција.
Целокупната потребна документација може да се симне од веб страната на
АФПЗРР, во делот директни плаќања, и обрасци.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close