вести

Почнува извозот на ракија за Русија

 

pochnuva izvozot na rakija za rusija

Дали Русите ќе ја заменат вотката со нашиот пијалок, останува да видиме откако ќе почне извозот. После околу еден месец македонската ракија ќе се најде на руските трпези. Наскоро и две млекарници од земјава ќе почнат со извозот на своите продукти на рускиот пазар, а голем е интересот и за продуктите од конзервната индустрија, информираат надлежните. ,, Македонски дом,, е деловен субјект од Руската федерација кој им помага на компаниите од земјава да ги пласираат своите производи таму, и им помага со складирање.

Во август годинава, земјава ја посетиле само 551 гостин од Русија. Најголем проблем е немањето на директна авиолинија. Рускиот гастрономски критичар Олег Назаров голем потенцијал за развојот на туризмот односно привлекување на Руски туристи во земјава гледа во развојот на алкохолно – гастрономскиот туризам.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close