fbpx
ВестиМакедонија

Почнува со работа Националниот регистер, ќе се знае кој колку фирми поседува и контролира

Почнува со работа Националниот регистер на вистински сопственици со кој во периoдот што следува институциите во државата добиваат уште една квалитетна алка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам, изјави денес на прес конференција потпретседателот на Владата, Љупчо Николовски.

Почнува со работа Националниот регистер на вистински сопственици со кој во периoдот што следува институциите во државата добиваат уште една квалитетна алка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам, изјави денес на прес конференција потпретседателот на Владата, Љупчо Николовски.

Постоечките правни субјекти имаат рок од 90 дена да ги внесат сите податоци за вистинските сопственици, а потоа секоја промена на структурата на вистинските сопственици се пријавува во рок од осум дена. Ова е предвидено со Националниот регистер на вистински сопственици кој беше промовиран денес.

Новооснованите субјекти ќе имаат рок од осум дена од основањето да ги запишат вистинските сопственици. Уписите извршени во законските рокови се бесплатни, беше речено на прес конференцијата.

„Зголемувањето на транспарентноста како суштински процес на демократските општества е базичен стремеж на оваа влада со далекусежни импликации врз финансиските текови и стопанството во целина“, рече Николовски.
Тој додаде дека брзото движење на парите овозможено од глобализацијата и дигитализацијата во услови на слаба транспарентност овозможува плодна почва за злоупотреба на финансискиот систем.
„Незаконските финансиски текови поврзани со перење пари, со корупција, финансирање тероризам и даночно затајување, се погубни за секое општество. Тие поттикнуваат и финансираат насилство и криминал, ги намалуваат приходите на државата, а исто така ги поткопуваат владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите“, рече Николовски.
Тој појасни дека вистинските сопственици на правните лица подразбира идентификување на физичките лица кои директно или индиректно остваруваат управувачка или контролна улога во едно правно лице, односно на било каков начин имаат крајно и ефективно влијание во работењето и управувањето со истото.

Со воспоставувањето на Регистерот на вистински сопственици и Централниот регистер се вклучува во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам.

„Целта на регистерот е да навлезе длабоко во сопственичката структура на правните субјекти за транспарентно да објави кој е тој што реално профитира од работата на компаниите во нашата земја, скриен зад комплексната слоевита правна структура“, рече Николовски. https://nezavisen.mk/pochnuva-so-rabota-nacionalniot-register-na-vistinski-sopstvenici-kje-se-znae-koj-kolku-firmi-poseduva-i-kontrolira/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close