Почна исплатата на откупениот тутун, просечната цена 212 денари

(Oвој напис е објавен на: November 22, 2018)

Прилепскиот тутунски комбинат денеска ја почна исплатата на откупениот тутун. Комбинатот го почна откупот во понеделникот на градскиот пункт, а од вчера откупува на уште 24 пункта низ земјава.

Според државниот земјоделски инспекторат, допрва почнува интензивирањето на откупот. Четири компании досега откупија 100.000 килограми тутун по просечна цена од 212 денари.

– Откупните пунктови ги отвораат осумте откупувачи, а фирмата „Мисиријан“ од Струмица најави дека наскоро ќе достави гаранција за обезбедените средства. Нема проблеми во текот на откупот и очекуваме во наредниот период да се интензивира. Досега, четирите откупни компании кои први почнаа, „Пашоски“, Прилепскиот тутунски комбинат,  „Кавекс“ од Неготино и „Алијанса“ од Каварарци, откупија 100.000 килограми тутун со просечна цена од 212 денари за килограм. Очекуваме така да се движи просечната цена, вели директорот на Државниот земјоделски инспеторат Благој Индов.


 

vecer