fbpx
Вести

Подготовки за сеидба на ориз

Земјоделците од кочанскиот регион планираат да ги зголемат површините со ориз за скоро 200 хектари. Водостопанство „Брегалница“ од Кочани оваа пролет ќе наводнува 5.000 хектари со оваа култура. Екипи се на терен и работат на санирањето на каналската и на дистрибутивна мрежа со цел сезоната за наводнување да почне навреме, односно на 15 април.

podgotovki za seidba na oriz

 

Акомулираните количества вода во Калиманци и Градче се доволни за почетокот на сезоната за наводнување.

Оризопроизводителите дотогаш ќе треба да склучуваат договори за испорака на вода за оризиштата.

Лани беа ожнеани 24 илјади тони оризова арпа со постигнат просечен принос од 5.600 до 5.800 килограми од хектар. Откупната цена беше ниска поради што субвенцијата беше зголемена од 11 на 2.000 денари по хектар.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close