Поголем откуп на земјоделски производи
За разлика од комбинатите, индивидуалните земјоделци лани во октомври, во ноември и во декември продале повеќе земјоделски производи во тргувањата на пазарите во 2015-та година. Откупот и продажбата на храна сметано во количества била поголема за 40 проценти.
Во последните три месеци од 2016 година е зголемен вкупниот откуп и продажбата на земјоделските производи.
Во октомври, ноември и декември тргувањето со земјоделски производи било поголемо за скоро 40 проценти.
Кај откупот од индивидуалните производители е забележано зголемување од дури 65,4, но продажбата кај земјоделските стопанства била помала за 2,9 проценти.
Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај индустриските, градинарските и фуражните култури, овошјето, добитокот, живината и јајцата и млечните производи. Намалување имало кај житата, грозјето, алкохолните пијалаци, млекото и кај рибата.
Вредноста на откупот и на продажбата на земјоделски производи покажувала постојан пораст во текот последните три месеци од 2016-та година.