Поледелски култури – земјоделски календар за месец јуни

(Oвој напис е објавен на: June 8, 2018)

Во средината на месецот се започнува со жетвата на јачменот.

Кај пченицата треба да се продолжи со мониторинг на појава и развој на прашкаста мувла и напад од инсекти и по потреба треба да се третира со соодветни фунгициди и инсектициди.

Овесот потребно е да се следи заради појава на житна пијавица и по потреба да се третира со соодветни регистрирани за таа цел препарати.

Кај компирот продолжува борбата против компировата златица. Во овој период започнува бербата на раните сорти компир.

Share Button