Попов Винарија – долга семејна традиција

 

Во срцето на тиквешијата, во најдобриот лозарски регион  во Македонија се наоѓа Попов Винарија. Лоцирана  во с. Сопот во близина на Кавадарци  ткае приказна за семејна винарија со традиција која влече корени од предците. Традиција  која  е возобновена во 2001.

Во своето досегашно опстојување  стана препознатлива  по квалитетните вина  што ја издигнаа на високо место на винскиот пазар. Квалитетот е пресуден за освоените дузина златни, сребрени и бронзени медали на меѓународни натпревари.

За квалитетот пак се заслужни модерната технологија споена со знаење и искуства што произлегуваат од традицијата и се присутни со векови  во тиквешкиот регион.

Спој на традицијата и  модерната технологија

Винаријата располага  со визба каде што температурата е константна во текот на целата година овозможува благо и контролирано испарување.

Откако ќе се направи избор за најквалитетните вина, овие избрани вина поминуваат низ натамошно стареење во дабови буриња во период од неколку месеци, така што добиваат соодветна густина и вкус. Како што вината поминуваат низ натамошнто стареење во нови дабови буриња, тие целосно го подобруваат својот квалитет, така што го достигнуваат врвниот квалитет по 10 или повеќе години, велат оттаму.

 

Употребата на мали дабови буриња (барики) за зреење се практикува од основањето на винаријата и се користи на речиси половина од црвените вина.

 

Сите процедури кои се вршат за време на производствениот процес на виното имаат цел да овозможат целосна контрола на процесот на винификација. Ферментацијата на белите и црвените вина се врши во инокс контејнери преку користење на одбрани додатоци за нараснување и контролирање на температурата на ферментација. Обработката на грозјето зависи од неговата сорта. Одредени сорти на грозје се обработуваат преку ладно скиснување на пулпата на грозјето со цел да се добијат покомплексни вина со силни сензорни карактеристики.

Сето ова немаше да биде вака доколку не беше квалитетното грозје собрано од лозовите насади распослани на две локации Смолник и Вршник во близина на с.Сопот. Местоположбата на лозовите насади со поволни агро, климатолошки и почвени услови придонесуваат за  производство на квалитетно грозје и вино.

Во портфолиотот на винаријата забележано е дека стартуваше со капацитет од 150 000 литри и 17 ha лозје. Во текот на изминатите години вложено е во подобрување на технолошкиот процес за обработка на грозјето и во зголемување на капацитетот, но исто така и во комплетирање и надградба на човечките ресурси.

Винарската визба поседува 55 ха лозја каде што грозјето се созрева под идеални услови. Со строга контрола на квалитет на годишно ниво се произведуваат 400 000 шишиња. Шардоне, Совињон Бланк, Темјаника, Каберне Совињон, Вранец, Мерло, Малвазија  се  сортите  на вино кои се одгледуваат на локалитетот Смолник.Додека од локалитетот Вршник доаѓаат варијанти  Пино Грис, Гевурцтраминер, Мерло, Сира, Каберне Франк, Кратошија, Карменер, Вранец, Каберне Совињон, Темјаника.

Во иднинa Попов Винарија планира да го одржува и подобрува квалитетот на секоја капка на вино

Се води сметка не само за самиот процес на создавање на вино туку и за самото одгледување на насадите. Се применуваат сите потребни агротехнички мерки за да се дојде до посакуваниот квалитет.

Со оглед на тоа дека резидбата на лозите е многу важен сегмент, винаријата набавува најмодерна машина за режење C0 VBC од италијанско потекло. Станува збор за машина со голем капацитет и лесно прилагодување. Тоа го овозможува хидрауличната контрола на управување на 4 те ножа за режење со работна ширина  од 1600 мм.

 

Секоја година вината се вкусуваат и се оценуваат на најпрофитабилните натпревари од светските врвни професионалци за вино  за што се добиени бројни награди меѓи кои:

ДОМЕН ВРШНИК 2014 – ЗЛАТЕН МЕДАЛ 2016

ВРАНЕЦ КАБЕРНЕ СОВИЊОН 2006 – ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ 2008

ШАРДОНЕ РЕЗЕРВА 2008 – СРЕБРЕН МЕДАЛ 2010

МУСКАТ 2005 – СРЕБРЕН МЕДАЛ 2006

МУСКАТ ТЕМЈАНИКА 2007 – СРЕБРЕН МЕДАЛ 2008

МЕРЛО 2003 – БРОНЗЕН МЕДАЛ 2006

ШАРДОНЕ СПЕШЛ ЛИМИТЕД СЕЛЕКШН 2005 – БРОНЗЕН МЕДАЛ 2007

ШАРДОНЕ ПОПОВ 2010 – БРОНЗЕН МЕДАЛ 2011

ВРАНЕЦ РЕЗЕРВА 2007 – 3 ЅВЕЗДИ – ИЗВОНРЕДЕН РЕЈТИНГ 2010

ВРАНЕЦ РЕЗЕРВА 2007 – ДЕКАНТЕР ПОФАЛБА 2011

П.Ј.

 

Share Button