fbpx
ВестиТоп вести

Поради сушата главна преокупација на земјоделците да биде наводнувањето

 

 

Продолжува периодот на топло време со виски температури. Според метеоролозите максималните температури во државата  денес ќе се движат меѓу 31 и 39 степен целзиусов.  Топлиот бран ќе продлжи, но за време на викендот и почетокот на идната недела метеорлозите предвидуваат локални поројни дождови со засилен ветер и грмежи.

Во вакви услови на високи температури и суша  агрометеоролозите  укажуваат да се посвети особено внимание на наводнувањето, особено на сончогледот и пченката. Притоа да се внимава наводнувањето да се извршува во раните утрински или вечерни часови со цел да се избегне појава на болести.

Потребно е одржување и на овошките без разлика дали родот е обран или не. Влагата е од особено значење во оформувањето на плодни папки од кои зависи родот во наредната година.

Без разлика на начинот на наводнување, тоа треба да биде преокупација на земјоделците од сите региони во земјата.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close