Поскап бензин во компензација за пензии и субвенции

Меѓународниот монетарен фонд, ММФ, предлага да се зголемат даноците на горива и на имот за да може да се компензира за зголеменото трошење на пензии и субвенции во текот на изминативе години.

ММФ во извештајот вчера порачува и поефикасна наплата на данокот на додадена вредност и намалување на нетаргетираните субвенции, посебно во земјоделскиот сектор.

– „Фискалната експанзија во изминативе години беше придружувана со повисоки пензии и субвенции. Консолидацијата треба да почне без одлагање, преку поефикасно собирање на ДДВ, рационализација на субвенциите, пензиски реформи и повисоки даноци на горива и имот. Овие мерки ќе осигураат фискална одржливост и ќе помогнат да се обезбедат големите инвестициски потреби во инфраструктура и човечки капитал“, се вели во извештајот на ММФ.

ММФ предвидува раст на БДП од 1,9 отсто за 2017 година, 3,2 отсто за следната година и 3,8 отсто на среден рок.

Share Button