Винскиот туризам може да биде придвижувач на економијата во целата земја, затоа што во државата има добри винарии коишто прозведуваат квалитетни вина, но потребна е поддршка за развој на другите компоненти што ги привлекуваат туристите: сместување, храна, дополнителни содржини. Ова е ставот на винариите коис е знаимаваат со вински туризам, иако и самите почнале да се организираат и да се поддржуваат со останатите компании во регионот.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар вели дека државата треба да ги искористи добрите препораки кои веќе ги има за македонскиот туризам, како на пример тоа што е прогласена за една од топ 10 дестинации кои што според Лонли планет треба да се посетат во 2020 година.
Европската делегација и Светска банка со 18 милиони евра ќе поддржат
10 дестинации и 50 проекти во земјата. Половина од средставта за предложените проекти треба да ги обезбедат самите инвеститори.
извор:Телма