fbpx
ВестиВино

„Повардарие“ и три помали винарии ја загубија лиценцата за откуп

vino vizbi

Одземана лиценцата за откуп на грозје на „Повардарие“ од Неготино. „Повардарие“ и уште три помали винарии оваа година не ќе може се занимаваат со овој бизнис доколку не се раздолжат со лозарите и не ја платат казната. Парите од продажбата на виното исклучиво ќе одат за исплата лозарите.

Четири винарии се избришани од регистарот на производители на вино. Поради неисплатената втора рата за откупеното грозје од ланската реколта „Повардарие“ и уште три помали визби ја загубија лиценцата. Според законот доколку сакаат повторно да се вратат во бизнисот, ќе мора со парите добиени од продажбата на виното да ги исплатат лозарите.

Визбите ќе мораат да ја платат и казната во буџетот за повторно добивање на лиценцата која ќе ги чини 10 проценти од неплетениот долг за втората рата, која беше до 15-ти февруари, како и да платат камата на лозарите.

Според Законот, исплатата на грозјето е во рок од 6 месеци и на 3 рати од преземањето на откупениот род.

Првата рата од 20 проценти требаше да се плати до 15-ти декември, втората од 40 проценти најдоцна до 15-ти февруари, и последниот износ до крајот на април.


 

мртв

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close