Повеке од 1000 хектари плодни ниви во штипско ќе бидат посадени со пролетни култури

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)

Времето погодено за сеидба на пролетните култури. Во штипско се посеа овесот, сончогледот и луцерката. Според планот за сеидба ова пролет земјоделците во штипско и карбинско ќе обработат повеќе од 1.200 хектари плодно земјиште.

povekje od 1000 hektari plodni nivi vo shtipsko kje bidat posadeni so proletni kulturi

 

Бостанот, луцерката и пченката ќе ги има на најголеми површини. Годинава во штипско ќе се посади и пченка. Можноста за поставување на ситемите капка по капка кај ова индустриска култура го зголеми интересот.

Сепак интересот за сеидба поради ниската откупна цена на сончогледот изостана кај земјоделските производители. Но затоа оризопроизводителите во штипско ќе посеат ориз на 300 хектари, Луцерка на 170 , бостан на 70. На Благовец се засадија и тикви. Според верувањата на овој ден се садат за да бидат благи, а и пчеларите имат свои обичаи.

Расадот тутун е подготвен за садење. Планираното производство е речиси како и лани, но затоа градинарското производство бележи нагорен тренд. Градинарите ке садат домати на 60 , пипер на 30, компир на 20 хектари. Гравот ке се посади на 50, кромид на само 20 хектари . Пролетната сеидба започна во пелагониско. Се сее сончоглед се подготвуваат нивите за пченка . Годинава во пелагониско ќе се посеат 18.000- ха со индистриски култури што е 30 % повеке од пред 10 години.

Share Button