fbpx
ВестиТоп вести

Повратот на персоналецот за земјоделците почнува од утре

Услов за добивање на парите е нивната основна дејност да биде земјоделството и покрај остварениот приход од продажба на примарни производи во износ од 1 милион денари, да немаат остварено други приходи, информира Димковски.

Од утре почнува повратот на персоналниот данок на доход за земјоделците. Исплатата ќе се врши неколкукратно, до крајот на годинава, на трансакциските сметки на земјоделците.

Ако некои од земјоделците имаат направено какви било промени на трансакциските сметки, да ги пријават во Управата за јавни приходи (УЈП) со цел ефикасна и точна исплата на средствата, апелираа денеска министерот за земјоделство, Трајан Димковски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Според Димковски и Лукаревска, околу 17.000 земјоделци треба да добијат вкупно 80 милиони денари.

-Од утре почнува повратот на персоналниот данок на доход на земјоделците кои во 2018 гиодина оствариле приход до еден милион денари од продажба на примарни земјоделски производи. Услов за добивање на средствата е нивната основна дејност да биде земјоделството и покрај остварениот приход од продажба на примарни производи, да немаат остварено други приходи, истакна Димковски на прес-конференција во Владата.

Лукаревска, пак, нагласи дека повратот е до максимум 20.000 денари, а УЈП директно ќе ги контактира земјоделците кои имаат какви било промени на трансакциските сметки што не се евидентирани во Управата.

-За земјоделците на кои им следува поврат, а за кои Министерството и УЈП не располагаат со точен податок за трансакциска сметка, УЈП ќе направи напор да ги обезбеди по службен пат и директно во контакт со лицата. Затоа, ако некои од земјоделците во текот на годината имаат некакви промени, апелираме да ја известат Управата за јавни приходи, со цел ефикасна и точна исплата на повратот. Идејата е едноставна, да се придонесе кон општсетсво за развој и раст на земјоделците и земјоделството, рече директорката.

Потсети и дека со последните измени на Законот за персонален данок на доход донесени лани, освен што се зголеми прагот за остварени приходи од продажба на земјоделски производи од 300.000 на еден милион денари, земјоделците дополнително се ослободени и од административни процедури како што е поднесувањето барање за регистрација за даночен обврзник и плаќањето административни такси.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close