Повторно поскапува храната на глобално ниво
Поскапувањето е резултат на зголемената побарувачка на пченицата и млечните производи.
Растат цените на храната во светот. Цените на светските берзи скокнаа во ноември, четврти месец по ред и остануваат на највисоко ниво во последните 10 години, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).
Поскапувањето е резултат на зголемената побарувачка на пченицата и млечните производи. Цените на земјоделските производи драстично пораснаа во последната година поради зголемената побарувачка и недоволниот род.
ФАО неодамна ја намали прогнозата за производство на жито за 2021 година на 2,791 милијарди тони од 2,793 милијарди тони еден месец порано. Но, обемот на производство е рекорден.
Претходно, беше забележано поскапување на маслото, шеќерот, брашното. Климатските промени и пандемијата имаа удел во поскапувањето на храната.