ПРАГ НА ШТЕТНОСТ КАЈ ЦРЕШАТА

cresa

Црешата е високорентабилна овошка и нејзиното одгледување е многу профитабилно. Во поново време се оди кон интегрален начин на производство во кој метод приоритет се дава на еколошко безбедни технологии на одгледување и минимизирање на употреба на хемиски средства, за да се зголеми безбедноста во поглед на здравјето на човекот и заштитата на животната средина. Со овој метод се дозволува извесно присуство на штетници но под прагот на економски штети, а не и нивно целосно уништување. Според тоа интегралната заштита предвидува уништување на штетниците со хемиски средства само тогаш кога истите предизвикуваат економски штети.

Праг на штетност е степен на напад на штетните организми кој се заканува со појава на загуби на приносот поголеми од вредноста за преземената заштита. Во врска со тоа се среќава и поимот критичен број кој претставува густина на инсекти, плевели, број на пеги и слично, кога се пристапува кон мерките на сузбивање.

Прагот на штетност не е некоја конкретна фиксна бројка, туку таа е променлива величина која зависи од многу фактори (климатски, економски и сл.), така што таа може да послужи како ориентација, а никако како услов да се започне со заштита.

И додека кај штетниците може да се изведат некои бројки, кај болестите е многу тешко да се утврди праг на штетност, така што најдобро би било да се започне со заштита веднаш штом ќе настанат услови за појава на инфекција, најкасно 24 часа по исполнување на условите, а никако по појавата на симптомите.

Табела 1.Прагови на штетност кај штетниците на цреша

ФЕНОФАЗА

ШТЕТНИК

ЕКОНОМСКИ ПРАГ

Молци од фам.Geometridae

2-5 јајца на 2 m гранка

Зимско мирување

(педомерки)

Штитести вошки

20-30 на 10 cm гранка

Пајаци

60-80 јајца

на 10 cm гранка

Црни вошки

5-10 јајца на 10 cm гранка

Пред цветање

Сурлаши

5 имага на 10 гранки

Разни гасеници

од редот

Lepidoptera

10-12 гасеници на 100 истресени гранки

Молци од фам. Tortricidae

6-8 ларви на 100 папки,

или 8-10% оштетени папки

Лисни смотавци

2-3 оси на дрво

Лисни вошки

10 вошки на 100 папки

Цветање

Рутава буба

3-5 имага на 100 розети

Кајсиин сурлаш Rhynchites auratus

3 имага на 10 гранки

Гасеници гризачи

8-10 гасеници на

на лист

100 истресени гранки

Кајсиин сурлаш Rhynchites auratus

3 имага на 10 гранки

После цветање

Лисни смотавци

8-10 гасеници

и др. гасеници гризачи

на 100 истресени гранки,

на лист

или 10-12% оштетени плодови

Лисни минери

1-2 мини на лист

Црна лисна вошка

8-10% колонизирани ластари

Овошни пајаци – рано во сезона

3-5 пајаци на лист

5-7 пајаци на лист

Овошни пајаци – подоцна во сезона

Црешова мува

8-10 дена пред летот

8-10 дена после летот

 

Петар Трајковски, Советник во АПРЗ

Share Button