вести

Преполовени откупените количини на тутун во штипско

Преполовени откупените количини на тутун во штипско. Во двата откупни центри во Карбинци годинава се откупија само 96.200 килограми. Лани во откупните центри тутунопроизводителите предадоа 207 тони тутун.

Според информациите од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Штип, откупните центри во Карбинци се затворени. Кавадаречката фирма „Алијанс – Уан” од планираните 150, откупила 90 тони тутун. Во пунктот на „Струмица табак” биле откупени само 6.200 килограми тутун.

prepoloveni otkupenite kolichini na tutun vo shtipsko

 

Просечната цена по која е откупен тутунот е од 186 и 184 денари во струмичкиот пункт.

Преостанатото производство на тутун од бербата 2015 тутунарите сега ќе мора да го носат во откупните центри на двете фирми во Виница и Кочани.

Лани во штипско тутунот се посади на само 104 хектари. Тутунопроизводството остана егзистенција само на околу 200 производители.

Ланската реколта според квалитетот е добра. Надлежните најавија дека ќе се откупи целото производство, но и дека субвенцијата од едно евро ќе се исплати порано од календарот на субвенции и пред завршувањето на рокот за откуп на 15 март.

Тутуно производството минува низ тежок период. Последниве години тутунопроизводителите имаа проблеми со вишокот тутун, мувлата, откупните цени. Голем дел се откажаа од производство. Според податоците на Стопанска комора лани биле склучени 6.000 договори помалку за откуп на тутун во однос на претходната година.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close