fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Прифатени забелешките на земјоделците за продажба на државното земјоделско земјиште

Прифатени се сите забелешки на предлог законот за продажба на државно земјиште,  вели министерот за земјоделие Хоџа.

Државната земја прво ќе им биде понудена на земјоделците кои веќе ја користат,  а потоа на лицитација , по најмногу евро за квадрат, ќе се продава остатокот. Парцелите кои граничат со урбанизираните места нема да се продаваат и  земјиштето по 10 години не смее да се пренамени во градежно земјиште. Прифатени се сите забелешки на предлог законот за продажба на државно земјиште,  вели министерот за земјоделие Хоџа. Новото решение веќе е во владина процедура,пренесува Сител

На дебатата најмногу се посветиле на забелешките, односно во делот на пренамените или како што вели тој да не се ограничи урбаниот план на општините со земјоделското земјиште.

– Беше побарано да се тргне делот на стратешки инвестиции и тој дел целосно го нема во Законот. Мислам дека веќе имаме Закон што самите земјоделци го бараа и е согласно нивните потреби. Најмногу се посветивме во делот на пренамена, односно органичувањето на земјоделското земјиште со  урбаниот план на општините, и тој дел нема да се продава,  изјави министерот за земјоделие Арјанит  Хоџа.

Првичните очекувања на Владата беа дека од јуни ќе стапи на сила новиот закон, со кој од продажбата би се инкасирале од 300 до 500 милиони евра во буџетот. Но, по реакциите на засегнатите, предлог зaконот се доработи и сега истиот се очекува да биде изгласан во Собранието овој месец.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close