fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Пријавете штети-Советот на Општина Прилеп формира стручни комисии за проценка на штетите од природната непогода врз земјоделските култури

За жителите од населените места Тополчани, Чепигово, Тројкрсти, Алинци, Канатларци, Ерековци и Клепач во Општина Прилеп

Се информираат сите жители од населените места Тополчани, Чепигово, Тројкрсти, Алинци, Канатларци, Ерековци и Клепач во Општина Прилеп, дека Советот на Општина Прилеп на денешната седница на Совет формира стручни комисии за проценка на штетите од природната непогода врз земјоделските култури. Комисијата по доставените барања ќе излезе на терен за да ја утврдат висината на штетата, ќе изготви Извештај и Елаборат за вкупната и поединечните штети, кои Извештаи со
одлука на Советот на Општина Прилеп се доставуваат до комисија која што ја формира Владата за понатамошна постапка.

Ги информираме жителите од населените места Тополчани, Чепигово, Тројкрсти, Алинци, Канатларци и Клепач во Општина Прилеп, дека секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот, во приемното одделение на Општина Прилеп на ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1. можат да ја достават следната потребна документација за утврдување на настанатата штета:

1.Барање (се подига од приемното одделение или се презема од веб
страната на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/

2.Соодветен документ со кој се докажува владение или сопственост
(имотен лист, договор за закуп, изјава од двајца сведоци заверена на нотар
дека ја работи нивата и сл.)

3. Копија од лична карта

4. Копија од трансакциона сметка

5. Контакт телефон

КРАЈНИОТ РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТА

ОД НАСТАНАТАТА НЕПОГОДА Е ПЕТОК, 02.07.2021 ГОД.

ПРЕВЗЕМИ БАРАЊЕ (кликни тука)

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close