вести

Прилепските земјоделци во исчекување на средствата од ИПАРД 2

ipard 2

Прилепските земјоделци се во исчекување на средствата од ИПАРД 2 програмата. Главно поледелци, најмногу , според анкетите, се заинтересирани за механизација и трактори и за помош во развојот на градинарските и житните култури, а фирмите пак, сакаат да набават нови машини.

Прилепската фабрика за преработка на овошје и зеленчук „Бим Фуд“ двапати користела средства од Ипард програмата за набавка на машини. Парите се 50 насто неповратни, има процедури, но може да се исполнат условите. Во очекување се на новиот оглас за средства од ИПАРД 2 програмата.

На стартот на новата ИПАРД програма земјоделците заинтересирани. Надлежните уверуваат- сега условите се подобрени, повеќе можности добива поледелството, кое е главно во прилепскиот регион.

Во исчекување на првиот повик со трите мерки, на земјоделците на располагање им стојат од Пелагонискиот плански регион.

Прилепските земјоделци, главно поледелци, имаат најмалку по 10 декари, како услов за аплицирање. И натаму се заинтересирани, пред се, за механизација и трактори. Новата програма е до 2020 година.


 

МРТ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close