Привршува откупот на тутун

(Oвој напис е објавен на: February 23, 2017)

Откупот на тутунот можно е да заврши порано од законскиот рок до 15- ти март. Досега се откупени скоро 19.000 од 21.000 тони колку што се проценува вкупниот род. Просечна цена е 185 денари за килограм.

privrshuva otkupot na tutun

 

Вкупната врдност на досегашниот откуп е 55 милиони, а на сметката на тутунарите веќе се исплатени скоро 51 милион евра или 93 проценти.

Според сегашните најави за откуп остануваат најмногу до 2.000 тони.

Платежната агенција ги врши подготовките за исплатата на субвенциите од едно евро за килограм.

Првите исплати ќе бидат за предадениот тутун до 15-ти јануари, а потоа за целата реколта до 15 март, односно до завршувањето на законскиот рок.

Тутунарите и годинава први ќе ја добијат државната финансиската подршка.

Share Button