PROANALİZ е лабораторија кој е формирана со цел да им излезе во пресрет и на производителите и на консумените на храна. Лабораторијата се наоѓа во Струмица. Станува збор за турска инвестиција со што познатиот бренд на лаборатории PROANALİZ стигна и во нашата земја. Станува збор за лабораторија опремена со најсовремена апаратура и по сите стандарди и стручен кадар задолжен да извршува најразлични анализи.
Безбедна храна е основа за здрав живот, ова е мотото под кое течат сите активности во лабораторијата. Производството на здрава храна е од големо значење за човештвото. Во трката за производство на што поголемо количество на храна често производителите применуваат најразлични хемиски средства. Оттаму од големо значење е изработувањето на најразлични хемиски анализи.
Лабораторијата PROANALİZ обезбедува услуги за анализа на храна, вода и почва. Во Р.Македонија е акредитирана за анализа на храна, вода и почва од страна на Македонското тело за акредитација (ИАРМ) под ISO 17025 лабораториска акредитација.
Имајќи ја предвид важноста на безбедноста на храната за сите генерации PROANALİZ врши микробиолошка анализа на храна и вода. Во рамките на оваа анализа се испитуваат:
Listeria monocytogenes |
||||
Salmonella spp. | ||||
Вкупен број на микроорганизми (аеробни бактерии) | ||||
E.coli | ||||
Колиформни бактерии | ||||
E.coli O157 | ||||
Позитивни стафилококи (Staphilococcus aureus и други видови)
Анализата на почвата е од големо значење за ефикасно и квалитетно производство. Во лабораторија се прават анализи со најсовремени инструменти и се даваат совети за ѓубрење од експерти по оваа област. Без вода нема живот. Со подеднаква важност во лабораторијата PROANALİZ се пристапува и кон анализата на водата. Стручен персонал со помош на најсовремена опрема врши микробиолошки и хемиски анализи во водата. Се испитуваат:
|