Водата претставува околу 60-70% од нашата телесна тежина. Затоа, секое делче од нашето тело има потреба од неа за правилно да функционира. Недоволното внесување на вода води до дехидратација, а во таков случај нормалното функционирање на телото е невозможно. Дури и слабата дехидратација веднаш носи негативни последици како намалување на енергијата, главоболки, замор. За нормална функција на еден човечки организам потребно е водата за пиење да биде бактериолошки исправна.
Безбедна вода за пиење е широк поим кој ги дефинира квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Тоа подразбира не само водата да биде хемиски и бактериолошки исправна, туку подразбира и безбедност на самото место од каде што потекнува водата за пиење, а тоа се изворите, дупчените или копаните бунари, акумулациите и така натаму. Постои Правилник за безбедност на водата и Правилник за формирање и одржување на зоните.
Нашата лабораторија препорачува на секој граѓанин и на сите институции најмалку два пати годишно да направат анализа на водата која ја користат во своите домови и канцеларии според Правилник за безбедност на водата. Хемиските својства на соодветната вода за пиење е потребно да бидат во границите на одредени стандарди во однос на здравјето на луѓето. Водата содржи супстанции како што се кислород, јаглерод диоксид, јод, флуор, калциум, магнезиум, NaCl итн. Кои се неопходни за здравјето на луѓето во смисла на хемиски својства или кои природно можат да се најдат во водата, но не треба да содржат супстанции што се штетни за човековото здравје. Анализите како што се физичко-хемиска и бактериолошка анализа во нашата лабораторија се направени со најсовремени инструменти и меѓународни методи. Во нашите анализи, се користат многу чувствителни мерни уреди како што се турбидиметар, спектрофотометар и атомски абсорбционен спектрофотометар.
„Нашите досегашни клиенти се благодарни и задоволни од обемот на параметри на нашите анализи и точно знаат што да преземат во иднина за да го подобрат квалитетот на водата, бидејќи освен за пиење водата се користи и за миење, наводнување и е составен дел на секој еден производ кој се пласира на пазарот.“ – изјави Славица Милошевска маркетинг менаџер во Проанализ Лабораторија.
Зелена берза