fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Продолжува откупот на тутунот, протестите во мирување

Ситуацијата ќе се следи до петок, за кога е закажана следната средба на производителите и откупувачите со министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа.

Од денеска продолжува откупот на тутунот, а протестите времено се ставени во  мирување. Ситуацијата ќе се следи до петок, за кога е договорена следната средба на производителите и откупувачите со министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа.

Ова е договорено изминатиот петок на работниот состанок во Скопје меѓу тутунопроизводителите и откупувачите со министерот Хоџа.

Тутунарите остануваат на барањето за реална проценка на родот и минимална откупна цена од 200 денари за килограм. Признаваат дека квалитетот е нешто послаб од претходните години, но не е, велат, и толку лош. Повторно укажаа дека откупувачите манипулираат со квалитетот на нивниот род. Тутунарите велат ако не се почитува договорот повторно ќе се организираат и ќе започнат со протести.

Според министерот Хоџа, барањата на тутунарите се реални.

-Донесовме заеднички заклучок, од понеделник да продолжи откупот, поверениците да се вратат на вагите, вреднувањето на тутунот да биде како што треба, по Правилникот, а протетстите првремено нема да се одвиваат. Следниот петок ќе има дополнителен состанок во ист состав за да се види дали има подобрување во откупот. Врз основа на тие заклучоци, ќе одлучиме како ќе се одвиваат работите понатаму. Тутнарите бараат да се цени нивниот труд, односно тутунот според Правилникот објавен од МЗШВ. Годинава многу малку е откупен родот поради протетсите и нзадоволството на производителите. Ако лани до сега беа откупени 40 отсто, сега се преземени само 1,6 проценти и тоа е загрижувачки. Сепак, има позитивни сигнали, особено што од состанокот претставниците на Одборот на тутунари излегоа задоволни, а и штом се прекинуваат привремено протестите можеме да кажеме дека имаме првичен договор, изјави Хоџа.

Засега просечната цена на тутунот е 165 денари, но тоа, според министерот, не треба да се земе предвид зашто сепак се откупени само 1,6 отсто од вкупно предвидените 370 тони.

-Ако тутунот се вреднува како што треба и со цената нема да има проблем. Законски можности за укинување на четвртата класа има, но да му дадеме шанса на дијалогот, подвлече Хоџа.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close