fbpx
Без категорија

Ако потрае сушата, прогласување на елементарна непогода за земјоделците, ќе бара Асоцијацијата на земјоделци

Штети се бројат кај житните култури, кај тутунот, пиперот, кромидот...

Од Асоцијацијата на земјоделци велат дека сушата ова лето го направи нерентабилно земјоделското производство, дека без врнежи и влага во почвата настрадаа многу земјоделски култури. Токму заради ваквата состојбата Асоцијацијата ќе бара прогласување на елементарна непогода и надоместување на штетите на земјоделците.

-Ако потрае сушата и неповолната временска состојба како Асоцијација ќе побараме прогласување на елементарна непогода. Најмногу погодени се регионите во источниот дел на државата, како и прилепскиот и битолскиот регион. Во тутунопроизводството и кај пролетните култури (пиперот, кромидот, лукот…)поради целата ситуација нема да имаме рентабилност кај производството, последиците ќе бидат големи посебно кај тутунот. Катастрофа е ситуација. Еве бевме во Радовиш кај тутунопроизводител кој се пожали дека ако лани имал 100 низи тутун, оваа година има само 20, значи 80 проценти е намалено неговото производство, или наместо 1 тон тутун, тутунарот добива 200 кг род, што е страшно, изјави Петре Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци за Зелена берза.

Сушата кај пченицата ги намали приносите за најмалку 30 проценти смета Стојкоски. Така, ако од 1 хектар се очекуваше 3 тони пченица, оваа година даде до 2,1 тони пченица.

Според Стојкоски, како Асоцијација, од државата ќе бараат ослободување од плаќање на земјоделците од сите давачки поврзани со земјоделското производство.

-Од МЗШВ ќе бараме не обесшетување, туку ослободување од плаќање давачки кон државата за оваа година. На пример концесијата што ја имаат за закуп на земјоделско земјиште, земјоделците да бидат ослободени од плаќање, исто така и од давачките за вода и пашарина, се што плаќаат кон државата во делот на земјоделското производство, вели Стојкоски.

Целата оваа ситуација со сушата и уништеното земјоделско производство ќе влијаа и на покачување на цените на земјоделските производи, смета Стојковски. Во делот на тутунот смета дека ќе има намелен ама квалитетен родот, и дека оваа реколта тутунарите ќе ги „начекаат“ откупувачите во тесно.

-Цените на земјоделските производи би требало да растат. Ако за последната реколта откупувачите на тутун не ‘начекаа’ нас тутунарите и ни го откупија последниот тутун со многу ниска откупна цена, оваа година мислам дека ние тутунарите ќе ги ‘начекаме’ откупувачите, зашто годинава нема да има доволно тутун поради сушата. Ама ние ќе се обидеме да бидеме посовесни и похумани, ќе бараме само реална цена за тутунот, нема да бараме отповеќе. Годинава тутунот ќе биде поквалитетен од било која година претходно, зашто нема што да го скапува имаме сонце, вели Стојкоски.

Анета Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close