fbpx
Вести

Производителите на бостан од Колешино бараат средба со надлежните

bostan

Сезоната заврши, голем дел од бостанот скапа по нивите, а нас никој ниту не праша како ни е,  ниту ни помогна во решавањето на проблемот  реагираа денеска производителите на бостан од Колешино.

Револтирани се бидејќи и после големиот број повици ниту министерот, ниту пак некој друг од надлжените не нашол време да ги посети, да ги слушне проблемите со кои се соочуваат и да најдат заедничко решение.

-Сите наши барања што беа за да не обештетат од декар или од кило без пријавени декаражи колку имаме бостан посадено на нивата оти многу народ има на кои бостанот им е под кирија и немаат имотно правни состоби решено. Од тие наши барања ниту едно не се усвои, затоа уште еднаш го повикуваме министерот да си седнат и да го решат проблемот оти ние имаме трошок за еден декар бостан околу 12 000 денари. Да не обештетат барем по 9 по 10 000 денари за да си покриеме трошокот. Ние не бараме ќар таа година да имаме од бостанот, ние бараме едноставно трошокот да го пориеме и идната година да почнеме некако наново – вели Станислав Пујкиловиќ – производител на бостан

Производителите на бостан велат дека не бараат многу, само средба со надлежните на која заеднички ќе најдат решение за проблемот со кој се соочуваат.

Доколку и на овие барања не им биде оговорено и излезено во пресрет ќе предложат до собранието да се укине министерството за земјоделие.

Тие сметаат дека нема потреба да постои вакво министерство доколку не работи во полза на земјоделците и додаваат  дека проблемите на земјоделските производители  треба да се решаваат веднаш, а не да се оставаат за наредната година.


 

сител

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close