Производителите на есенски градинарски култури се жалат на ниски откупни цени, застој во откупот и извозот
Нема кој да ги купи есенските домати и другите градинарски производи во струмичко. Производителите сеуште ја чекаат изградбата на ладилниците и складишните центри што ги вети државата за прибирање на пазарниот вишок.
Велат дека се ближи крајот на откупот, трговци скоро и да нема а она малку што се предава е по многу ниски цени. Евтиниот увезен зеленчук од Албанија и годинава им прави проблем.
Од ресорното министерство велат дека ги следат состојбите на терен. Особено проблемите со пласманот кои не се од сега. Но не даваат прецизен одговор кога ќе почне изградбата на откупно дистрибутивни центри.
-Превземаме мерки согласно законските можности но и работиме на стратегија за долгорочно решвање на проблемите околу пласманот.Годинава неколку пати интервениравме во стабилизирање на пазарот со откуп на земјоделски производи, ореку интервентните мерки за дополнителни субценции за праските, лубениците, ги зголемивме субвенциите за пченица, лозови и овошни насади, градинарски и фуражни култури. Со последната одлука на Влада, воведовме дополнителни субвенции за предадено грозје и за ориз. Секако во оваа насока се и инвестиции во откупно дистрибутивни капацитети но изнаоѓање на нови пазари на кои се работи интензивно.
Проблемите со откупот и ниските цени се јавуваат секоја година. Производителите велат дека изградбата на ладилници и откупно дистрибутивни центри може да помогне за делумно решавање на проблемот. Она што е потребно е добар маркетинг и сигурни пазари каде што ќе се продаваат земјоделските производи.
Инаку во тек е аплицирањето за субвенции за градинарски и овошни култури. До 25 декември може да аплицираат само оние производители кои произвеле и продале производи во регистриран преработувачки капацитет.