fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Производството на сончоглед намалено за десет пати во изминативе 30 години

Видео-вртоглавиот раст на цената и празнењето на рафтовите со масло за јадење го актелизиираа производството на сончоглед на македонските ниви

Вртоглавиот раст на цената и празнењето на рафтовите со масло за јадење го актелизиираа производството на сончоглед на македонските ниви. Податоците се поразителни за оваа култура, во рок од три децении се намалиле за десет пати. Во Овче Поле сончогледот е реткост, експертите препорачуваат дека најпогоден е Пелагонискиот регион, каде заради почвата се постигнуваат поголеми приноси. Земјоделците  ретко го  сеат во Овчеполскиот регион поради немање на кавлитетен систем за наводнување, а потребна им е и едукација  за агротехничките мерки, јавува Телма.

Со зголемените трошоци во овчеполието рентабилното производство на сончоглед би било над 1.300 хектари. Годинава е доцна да се зголемат површините, но според земјоделците доколку субвенциите останат наредната година се очекува и површините да се зголемат.

Овчеполието е погодно за одгледување на другите маслодајни култури, лен сусам и маслодајна репка, но потрошувачите традиционално го користат маслото за јадење од сончоглед. Македонија увезува големи количини на сурово масло и сончоглед.

Русија, Украина и Бразил се најголемите производители на сончоглед, додека соседните Бугарија и Србија се на 10 и 16 местото. Македонските фабрики за производство на зејтин досега увозот го правеа од соседните земји, но по кризата веќе трагаат и по други пазари за суровини.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close