fbpx
Вести

Производството на шумски производи зголемено за 15 отсто

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2018 година во однос на истиот период лани е зголемено за 15 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови,  друго обло дрво од листопадни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај огрeвното дрво од иглолисни и листопадни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови,  рудничкото дрво од  иглолисни и листопадни видови и друго обло дрво од иглолисни видови.

 

kanal5

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close