Променливо облачно и студено со умерен до засилен ветер
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.Постепен пораст на температурите ќе почне од понеделник.
Утрово во 7 часот најмногу снег има во Крушево 65 сантиметри и на Попова Шапка 64 см, следат Маврови Анови со 53 см, Ѓуриште 32 и Пожаране 23 см.
Најстудено со измерени -15 степени е на Попова Шапка и во Маврово, -13 во Берово, -11 Крушево, -9 Претор, Kрива Паланка, -8 Охрид, -7 во Битола, Прилеп и Струмица, -6 во Виница и Штип, -5 во Тетово, Гевгелија, Дојран и Демир Капија, во Скопје -3 кај Петровец и -2 на Зајчев Рид.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а долж Поварадрието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Претежно претпладне и особено во северните и централните делови од земјава повремено ќе провејува слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Според прогнозата на УХМР, до недела ќе се задржи променливо облачно и студено време со умерен северен ветер. Температурите и понатаму ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Утринските температури ќе бидат особено ниски и на некои места ќе се спуштаат под -10 степени, најниски ќе бидат за време на викендот. Постепен пораст на температурите ќе почне од понеделник.