fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно со слаб ветер

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната од 5 до 12 степени.

 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во планинските подрачја ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната од 5 до 12 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во среда ќе има слаб локален дожд и ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повбремено засилен ветер од југоисточен правец. Од средината на неделата дневната температура ќе биде во позначителен пораст.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close