fbpx
ВестиМакедонија

Променливо облачно, студено и ветровито

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, претежно на планините со услови за провејување на слаб снег, на југозападот понекаде со слаб дожд. Попладне ќе биде посончево. Ќе дува засилен, во источните делови и вдолж Повардарието силен северозападен ветер (на места ќе достигнува брзина и над 60 км/час).

Утринската температура ќе се движи од -2 до 6, а дневната од 3 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно и ветровито, попладне посончево. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди, а претежно на планините повремено ќе провејува снег. Утринските температури во четврток и во петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува од сабота попладне.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close