fbpx
Вести

Промоција на Повеќедимензионалната анализа за сиромаштија во Македонија

makedonija

Повеќедимензионалната анализа за сиромаштијата во Македонија, со посебен осврт на руралната сиромаштија ќе биде промовирана денеска во Скопје.

Анализата е изработена од Федерацијата на фармерите на Република Македонија, во партнерство со Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ во Скопје и во консултација со Македонската платформа против сиромаштија.

Од Федерацијата на фармерите на РМ појаснуваат дека анализата претставува прв обид преку статистички податоци да се опише ова важно прашање во Македонија кое се заснова на официјални извори на податоци.

Анализата е направена врз основа на мултидимензионалната алатка развиена од Шведската Интернационална Агенција за соработка (Сида) и е користена како алатка за развој на голем број на стратегија на меѓународни организации во делот на нивна интервенција за борба против сиромаштијата.

Анализата е дел од активностите на проектот „Институционална поддршка на ФФРМ“, поддржан од шведската WE Effect.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close