fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Со членството во ЕУ за земјоделството се отвора пазар од преку 500 милиони потрошувачи

Овие пари се голем импулс за македонското земјоделство и поддршка за земјоделците да го унапредат своето производство, воведувајќи иновации и модерни технологии. Програмата ИПАРД 3 ја започнуваме први во регионот, а буџетот е зголемен за 62 отсто. Тоа се вкупно 120 милиони евра европски неповратни средства за земјоделството.Продолжувањето на европскиот пат е клучно за да имаме повеќе и поквалитетна домашна храна и почитувани земјоделци чија мака и труд се вреднува, порача Димковски.

Со приемот во ЕУ ни се отвора пазар од преку 500 милиони потенцијални потрошувачи, на кој македонските земјоделци ќе може да ги понудат и пласираат своите производи, порача денес Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

-Европската Унија преку мерките од ИПАРД 3 програмата досега, има издвоено вкупно 217 милиони евра за директна поддршка на нашите земјоделски производители. Со пристапот на Македонија во Европската Унија, оваа поддршка само ќе расте. Според досегашните искуства, европските средства со членството во ЕУ се зголемуваат за 10 – 11 пати.Овие пари се голем импулс за македонското земјоделство и поддршка за земјоделците да го унапредат своето производство, воведувајќи иновации и модерни технологии. Програмата ИПАРД 3 ја започнуваме први во регионот, а буџетот е зголемен за 62 отсто. Тоа се вкупно 120 милиони евра европски неповратни средства за земјоделството.Продолжувањето на европскиот пат е клучно за да имаме повеќе и поквалитетна домашна храна и почитувани земјоделци чија мака и труд се вреднува, порача Димковски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close