fbpx
Вести

Прскањето на јаболката во Преспа намалено за третина

Седум агрометеоролошки станици на различни локации во Преспа покажуваат дали и кога има потреба од прскање пестициди кај овошките, со цел намалување на прекумерната употреба од хемиски препарати.

Земјоделците, како што информира претседателот на Здружението на овоштари во Преспа Љубе Пампулевски, преку смс порака или на страницата на Здружението на социјалната мрежа фејсбук добиваат известување кога и со какви препарати треба да ги прскаат насадите и да се запази концентрацијата при третирњето за да спречат болести или штетници.

Тоа, според него, придонесува за намалување на трошоците и максимална заштита на животната средина и подземните води на Преспанското Езеро.

– Со функционирањето на овие станици третирањето се намалува за една третина или 25 до 30 отсто. Со тоа имаме заштеда во пари, време, работа и гориво, како и заштита на животната средина. Но, клучното нешто е овоштарите да ги упатиме кога и со што треба да ги третираат овошните насади. Доколку препаратот што се нанесува не е во соодветно време нема ефект – појасни Пампулевски.


 

вечер

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close